Остар пад на извозот на шкотско виски во 2023-та

Извозот на шкотско виски остро се намалило во 2023 година под притисок на високите трошоци за живот, објави здружението на производители.

Вредноста на извозот се намалило минатата година за 9,5 отсто, на 5,6 милијарди фунти (7,0 милијарди американски долари), проценува здружението. Уште посилно паднал обемот на извозот, за дури 22 отсто.

Секторот се соочува со светска криза на трошоците за живот што ги погодува потрошувачката и залихите, соопшти здружението во четвртокот.

Вредноста на извозот на клучниот американски пазар се намалила за околу седум отсто, на 978 милиони фунти. Продажбата во Германија паднала за два отсто, на 197 милиони фунти.

Минатогодишниот извоз сè уште беше за 14 отсто поголем од 2019 година, пред пандемијата. Шкотските производители првпат ја надминаа границата од шест милијарди фунти во 2022 година.