Остар пад на приходите и профитот на норвешкиот енергетски гигант

Норвешката енергетска компанија „Equinor“ во средата извести за остар пад на профитот и приходите на крајот од 2023 година, што укажува на значително пониски цени на гасот во Европа и во САД.

Во периодот од октомври до декември вкупните приходи се намалени за 15 отсто, на 29,05 милијарди долари. Нето добивката потонала за 67 отсто, на 2,61 милијарди долари. Прилагодената добивка по оданочување паднала за 60 отсто, лизгајќи се на 1,88 милијарди долари.

Норвешки „Equinor“ лани произведувал 2,2 милиони барели нафтен еквивалент (MBOE) дневно во четвртиот квартал, што е за 7,5 отсто повеќе од истиот период во претходната 2022 година, но со 6 отсто пониска просечна цена.

Остварената цена на гасот во Европа е повеќе од преполовена во однос на последните три месеца од 2022 година, на 13,07 долари за милион британски термални единици (mmbtu), соопшти норвешката компанија во презентација. На американскиот пазар, изнесуваше 2,07 долари за mmbtu, во споредба со 5,4 долари по mmbtu на крајот од 2022 година.