Остар пад на Волстрит на почетокот од седмицата

© AP Photo / Richard Drew

На њујоршки Волстрит во понеделникот берзанските индекси остро паднаа, бидејќи пред конференцијата на централните банкари во Џексон Хол повторни заживеаја стравовите од агресивното зголемување на клучните каматни стапки.

Индексот Dow Jones падна за 1,91 отсто на 33.063 поени, S&P 500 потона за 2,14 проценти на 4.137 поени, а Nasdaq индексот загуби од вредноста 2,55 отсто и падна на 12.381 индексен поен,

Во сите најважни сектори на S&P 500 индексот цените на акциите паднаа а најмногу, за 2,.8 отсто, во трговскиот и во технолошкиот.

Последните седмици пазарот беше поткрепуван од надежите на вложувачите дека поради благиот пад на инфлацијата во САД од највисоките нивоа во последните 40 година, американската централна банка Federal Reserve (Fed) во иднина ќе биде помалку агресивна во зголемувањето на каматните стапки.

Од март Fed ги подигна каматите за 2,25 процентни поени, а се очекува дека ќе ги зголеми и во септември. Прашањето, меѓутоа, е дали ќе ги зголеми за 0,50 или за 0,75 процентни поени. Оттаму, со нетрпение се очекува говорот на претседателот на Fed, Џером Пауел во петокот во Џексон Хол.

„Пауел веројатно ќе настапи остро за да ги намали инфлациските очекуваа, па тоа би можело негативно да влијае врз пазарот“, предупредува Џеј Хатфилд, директор во компанијата „Infrastructure Capital Management“.

Заострувањето на монетарната политика дополнително ќе го забави растот на економијата, која и онака технички е во рецесија, имајќи предвиде дека благо падна две тримесечја со ред на квартално ниво.

По остриот пад во првата половина од годината, индексот S&P 500 порасна за околу 13 отсто од средината на јули. Но се чини дека летното закрепнување е завршено, бидејќи минатата седмица цените на акциите паднаа по силниот раст четири седмици со ред. Од почетокот на годинава S&P 500 е во минус од околу 13 отсто, а индексот Nasdaq за повеќе од 20 отсто.

И на европските берзи цените на акциите во понеделникот паднаа. Лондонскиот FTSЕ индекс ослабе за 0,22 отсто на 7,533 поени, франкфуртскиот DAX се лизна за 2,32 отсто на 13.230 поени, додека парискиот CAC индекс за 1,80 отсто на 6.378 индексни поени.