На њујоршки Волстртит цените на акциите остро паднаа во средата, при што индексот Dow Jones се лизна 10-ти ден по ред, бидејќи челниците на американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed) порачаа дека темпото на намалување на каматните стапки треба да се забави.
Индексот Dow Jones се лизна за 2,58 отсто, на 42.326 поени, додека S&P 500 потона за 2,95 отсто, на 5.872 поени, а индексот Nasdaq 3,56 отсто, на 19.392 поени.
Вчера, по дводневнате едница, челниците на Fed одлучија да ги намалат клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, во оспегот од од 4,25 до 4,50 отсто.
Тоа и се очекуваше. Сепак, иако и досега од централната банка предупредуваа дека стапката на намалување на каматните стапки треба да забави бидејќи инфлацијата е сè уште покачена а економијата постојано расте, инвеститорите беа разочарани од оценката за наглото забавување.
Имено, од септември, кога започна циклусот на олабавување на монетарната политика, Fed во три наврата ги намали каматните стапки, вкупно за еден процентен поен, а во наредната година челниците на Fed проценуваат дека ќе ја намалат само цената на парите само двапати, за вкупно 0,50 процентни поени.
Ова ги разочара инвеститорите кои се надеваа на поагресивно намалување на стапката.
„Досега ги намаливме каматните стапки за цел процентен поен, така што нашата политика сега е значително помалку рестриктивна. Поради ова, можеме да бидеме повнимателни со прилагодување на каматните стапки во иднина“, рече на прес-конференцијата претседателот на Fed, Џером Пауел.
Бидејќи надежите на инвеститорите за агресивно намалување на каматните стапки досега поттикнаа силен раст на цените на акциите, вчерашните пораки на Fedпредизвикаа остар пад на берзанските индекси, при што Dow Jones падна10-ти ден по ред, што не е забележано од 1974 година.
И покрај тоа, и натаму е во добивка оваа година од околу 12 проценти. Индексот S&P 500, од друга страна, порасна за околу 23 отсто од почетокот на годината, а Nasdaq индексот за повеќе од 29 отсто.
А на европските берзи вчера индексите забележаа само помали движења, бидејќи пазарите беа затворени пред пораките на Fed.
Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,05 отсто, на 8.199 поени, а париски CAC зајакна за 0,26 отсто, на 7.384 поени. Франкфуртски DAX ослабе, пак, за 0,02 отсто, на 20.242 поени.