На њујошрки Волстрит најважните индекси остро паднаа во четвртокот бидејќи претставниците на американската цен трална банка (Fed) зазедоа претпазлив пристап во нивните изјави за изгледите за намалување на каматните стапки оваа година, а инвеститорите, исто така, се нервозни пред објавувањето на клучниот американски извештај за вработувањата.
Њујоршкиот индекс Dow Jones индекс потона за 530,16 поени, или 1,35 отсто, на 38.596 поени, што е негов најголем пад од март минатата година и четврти ден кога паѓа. Во исто време, S&P 500 загуби 1,23 отсто од вредноста и го заврши тргувањето на 5.147 поени, а Nasdaq падна за 1,4 отсто, на 16.049 поени.
Од почетокот на седмицата, сите три индекса се во минус, при што Dow Jones падна за приближно 3 отсто, а S&P и Nasdaq паднаа за 2 отсто.
Претседателот на Fed во Минеаполис, Нил Кашкари, на состанокот на американската централна банка Федералните Резерви (Federal Reserve = Fed) минатиот месец рече дека се залага за две намалувања на каматните стапки оваа година, но ако инфлацијата продолжи да слабее, можеби нема да биде потребно намалување годинава. Пред него, претседателот на Fed во Ричмонд, Томас Баркин, рече дека американската централна банка има „време додека не се расчистат облаците над инфлацијата“ пред да почне да ги намалува стапките.
„Тоа е многу внимателен, одмерен пристап. Исто така, постои одредена нервоза во врска со месечниот извештај за вработување, па не сакам да бидам премногу оптимист“, вели Пол Нолте, виш советник во инвестициското друштво „Murphy & Sylvest“.
Инвеститорите сѐ уште проценуваат дека шансите Fed да ги намали каматните стапки за најмалку 0,25 процентни поени уште во јуни се близу 60 отсто.
Акциите пораснаа во почетокот на тргувањето, откако минатонеделните податоци за побарувањата за помош на невработени во САД помогнаа да се поддржат надежите дека каматните стапки ќе бидат намалени. Податоците, всушност, покажаа дека бројот Американци кои поднеле барања за надоместок се зголемил повеќе од очекуваното.
Сепак, инвеститорите тогаш беа загрижени за исходот од месечниот извештај за вработување во САД, кој треба да биде објавен во петок. Економистите очекуваат дека во март биле вработени 200.000 работници, помалку од февруари кога имало 275.000, додека стапката на невработеност најверојатно ќе остане на 3,9 отсто.
На европските берзи најголем дел од најважните индекси во четвртокот го завршија тргувањето во позитива. Франкфуртски DAX порасна за 0,19 отсто, на 18.403 поени, а лондонскиот Ftse за 0,48 отсто, на 7.975 поени, додека париски CAC ослабе за 0,02 отсто, на 8.151 поен.