Остар раст на хоспитализациите на ковид-пациентите во Португалија

Бројот на ковид-пациентите во болниците во Португалија драматично се зголемил и сега има повеќе од 700 лица заразени со коронавирусот на болничка нега, најмногу од март.

Од понеделникот во болниците се хоспитализирани 729 ковид-пациенти, соопштија здравствените власти.

Бројот на новите коронаинфекции во Портуалија е во раст веќе неколку седмици. Во изминатите 24 часа забележани се 1.782 нови случаи и 8 смртни исходи во земјата со околу 10,3 милиони жители, според министерството за здравство.

Стапката на инциденцата на 100.000 жителите во 14 дена изнесуваше 55 до пред еден месец, а сега се зголемила од 272 на 315 во еден ден, покажуваат официјалните резултати.

Позаразната делта варијанта на коронавирусот брзо се шири и е причинител за 90 отсто од новите зарази, наведуваат здравствените власти.

Португалија пред десет дена воведе полициски час во обидот да се справи со растот на заразите. Во најтешко погодените области, вклучително и главниот град Лисабон, жителите смеат да ги напуштат своите домови само од оправдана причина меѓу 23 и 5 часто. Со оваа мерка се опфатени околу четири милиони луѓе.