
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива отежнато во зимски услови,наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци:Гостивар-кракМаврово-Дебар,Тетово-П.Шапка,Тетово-гр.премин Јажинце,Стража,Дебар-Струга,Буково, Ѓавато,Струга-гр.преминЌафасан.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Од Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на пат.