Заев и Шилегов, тргнете ја настрана суетата и ароганцијата, па формирајте заедничко тело со опозицијата за заедно да се справите со загадувањето на воздухот, порачува новинарот Коле Чашуле, во последното издание на емисијата „Седмица“.
Тој се осврна и на темата за, како што вели, добрососедските извинувања на Заев и покрај пораките од Атина и Софија дека македонски јазик и нација не постојат. Чашуле го постави и прашањето дали СЈО не успеа во намерата целосно да ја укине опозицијата, па оттаму се бара нов мандат за оваа институција.