Оставка на Вес Мичел, „архитектот“ на договорот од Преспа

Вес Мичел, дипломат од кариера задолжен за европски прашања на Стејт департментот, особено ангажиран околу склучувањето на Преспанскиот договор и разрешувањето на кризата во Македонија, се повлекува од функцијата објави во вторникот весникот The Washington Post.

Mичел, тој важеше за „архитект“ на договорот од Преспа и лобираше за евроатлантските на Македонија, а оствари во земјава средби со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Нокола Димитров, во периодот кога се решаваше спорот за името на нашата земја со Грција.

Инаку, тој функцијата во администрацијата на Трамп ја презеде во септември 2017 година. Мичел соопшти дека има две големи причини за оставката, едната се вика Весли, а
другата Шарлот, а тоа се неговите деца.

Портфолиото на Мичел во Стејт департментот го вклучуваше и справување со Русија, што е особено чувствително прашање, со оглед на тековните истраги за тоа дали кампањата на претседателот Доналд Трамп соработувала со Москва за време на претседателската кампања во 2016 година.

Post прв ја објави веста за заминувањето на Мичел, наведувајќи го писмото за оставка на Мичел испратено до државниот секретар Мајк Помпео, напиша дека дипломатот си заминува од лични и професионални причини и дека 15-ти февруари ќе му биде последен ден.

Мичел, исто така, истакнал дека неговото повлекување од должноста не е поврзано со евентуално несогласување на политиките на американскиот претседател, како што тоа беше случајот, на пример, со министерот за одбрана Џим Матис.