Претседателот на Државната комисија за спречување корупција, Игор Тантуровски, поднел оставка. Како што навел во оставката, Тантуровски од функцијата се повлекува поради здравствени и семејни причини.
Оставката до Собранието вчера ја достави и членот на Комисијата, Горан Миленков, поранешен претседател на истата.
Оставките следуваат неколку дена по скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во комисијата која покажала дека дел од антикорупционерите злоупотребувале државни пари за патни трошоци и за изнајмување на станови.
Оставки најавија и други членови на Комисијата.