Оштета за измачувани затвореници во тајните затвори на ЦИА во Романија и Литванија

Европскиот суд за човекови права ги осуди Литванија и Романија за толерирање тајни затвори на ЦИА на своја територија, а двете држави треба да платат отшета на тужителите, двајца затвореници од Гвантанамо.

Судот расправаше по тужба на еден палестински апатрид и еден човек од Саудиска Арабија, кои во периодот од 2004 до 2006 година илегално биле задржани во „црните места“ на ЦИА во Литванија и Романија и таму биле подложувани на мачења. Палестинецот бил осомничен од страна на САД за учество во планирањето на нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година, а Саудиецот за извршување напади врз бродови. Во меѓувреме двајцата биле интернирани во контроверзниот американски логор на Куба, Гвантанамо.

Од судот оцениле дека Романија и Литванија, преку вклучувањето во спорната програма на ЦИА, ги прекршиле и одредбите против тортури, правото на слобода и безбедност на барателите на азил, како и правото на приватна сфера. Романија на едниот од тужителите треба му плати отштета од 100.000 евра, а Литванија на другиот 130.000 евра. И двете страни имаат право на жалба.

Судиите од Стразбур меѓу другото на товар на Литванија и Романија ставаат „соучесништво во програмата на ЦИА за водење тајни затвори“, а во тие рамки „повеќекратни прекршувања на човековите права“. Надлежните власти во двете земји знаеле за постоењето на затворите и соработувале со американската тајна служба, свесни дека на тој начин ги кршат човековите права, аргументура Европскиот суд за човекови права.