Оштетен автомобил во пукотница во Тетово

Нема повредени во престрелка во Тетово денеска околу 10 часот, во близина на Клиничка болница. Куршумот кој бил испукан, завршил во автомобил кој бил паркиран во близина.

Според полицијата, тетовецот Б.И.(58) случајно се сретнал со М.И. (52) од Џепшиште и настанала расправија поради должничко доверителски односи. По куса расправија, М.И. физички го нападнал Б.И, а овој тогаш извадил пиштол и испукал еден куршум, но не го погодил.

Полицијата го привела Б.И., кој е задржан во ПС Тетово, а пронајден е и одземен и пиштолот со кој пукал.