Оштетени 102 хектари земјоделски култури од невремето во гевгелиско

Најпогодени од невремето биле населените места Негорци и Прдејци од каде што пристигнале сите пријави за нанесени штети од страна на 92 физички и две правни лица.

По извршениот увид на терен, комисијата констатира дека најмногу настрадале раноградинарските култури, лозовите насади,овошните садници и житните култури кај кои степенот на оштетување изнесува од 10 до 100 отсто во зависнот од погоденото подрачје. Најголеми се штетите во атарот на Прдејци на површина од 78 хектари, а во Негорци штети се проценети на 24 хектари.

Извештајот на комисијата ќе се најде на првата седница на општинскиот Совет, кој треба да донесе одлука за изработка на Елаборат за причинетите штети од невремето.