Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29-и февруари за тоа што не ја открил неговата дијагноза на рак и последователната хоспитализација, вклучително и на претседателот Џо Бајден, изјави портпаролот на Конгресот.
„Министерството за одбрана му потврди на Комитетот за вооружените сили на Претставничкиот дом дека секретарот Остин ќе сведочи пред комисијата на 29-ти февруари во врска со неговото необјавување на неговата хоспитализација“, рече портпаролката на Комитетот за вооружените сили Џастин Трипати.
Остин е вториот по Бајден во командната хиерархија на американската војска и неговите должности бараат тој да биде на располагање во секое време за да одговори на секаков вид криза од доменот на националната безбедносна.
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин бил хоспитализиран на 1-ви јануари поради уринарна инфекција откако бил подложен на операција за рак на простата во декември, објави на 9-ти јануари Воената болница „Волтер Рид“.
Дотогаш немаше никаква официјална реакција на шпекулациите за здравствената состојба на министерот. Остин во писмената изјава дури на 6-ти јануари соопшти дека ја презема „целосната одговорност“ за тајноста околу неговата еднонеделна хоспитализација поради сè уште неоткриена медицинска причина.
Американската телевизиска мрежа CNN претходно објави дека заменичката на Лојд Остин на позицијатот шеф на Пентагон, Кетлин Хикс, воопшто не била информирана дека министерот е хоспитализиран кога преземала некои од неговите должности на 2-ри јануари. Кетлин Хикс била информирана дури два дена подоцна дека Остин бил примен во воената болница „Волтер Рид“ на Нова година, објави CNN, цитирајќи два изворa од Министерството за одбрана.
Агенцијата Reuters потоа објави дека претседателот Џо Бајден не бил информиран за хоспитализацијата до 4-ти јануари вечерта. Американското издание Politico oбјави дека генералот Чарлс Кју Браун, шеф на Здружениот генералштаб на американската војска, дознал за хоспитализацијата на Остин дури пет дена подоцна.
Остин се извини за време на телевизискиот брифинг минатата седмица затоа што навремено не ги информирал претседателот Бајден и другите високи функционери за неговата неодамна поставена дијагноза на рак на простата, додавајќи дека здравствениот страв бил удар што го потресол.
Седумдесетгодишниот Остин се извини и за начинот на кој се справи со последователната хоспитализација, која со денови се чуваше во тајност од јавноста, високиот персонал и од самиот Бајден.
Инцидентот предизвика политички бунт. Некои истакнати републиканци, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, побараа смена на Остин од функцијата.
Бајден рече дека има доверба во Остин, и покрај тоа што претседателот се согласи дека е погрешна пресметка.
Остин е пензиониран генерал со четири ѕвезди, кој ги водеше силите во Ирак и е првиот црн секретар за одбрана на Соединетите држави.