
Хрватска ќе побара Грција да престане да ги испраќа мигрантите од Блискиот Исток кон останатиот дел од Европа, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остоjиќ.
Министерот на прес-конференција во прифатниот центар Опатовац, во близина на Товарник, истакна дека тоа ќе го побара на утрешната средба на министрите за внатрешни работи од ЕУ.
Апсолутно неприфатливо е Грција да ги испразнува своите бегалски кампови и да ги испраќа луѓето преку Македонија и Србија во Хрватска, нагласи Остоиќ.