Остри деманти за лажните вести во медиумите на СДСМ/СОРОС

Соросовите медиуми се мајстори за fake news/ лажни вести! Последен пат во Приштина сум бил во 2014 година. Вака пратеникот Антонио Милошоски ги демантира лажните вести објавени од соросовите медиуми дека тој и Никола Попоски биле во Приштина и молеле ДУИ да не прави Влада со СДСМ.

antonio-640x662

Либертас повикувајќи се на свои избори, кои очигледно се лажни, пишуваше дека Милошоски и Попоски од претседателот на собранието на Косово, Кадри Весели, “побарале помош односно го молеле да ги разубедел во раководството на ДУИ да не прават коалиција со СДСМ туку со нивната ВМРО ДПМНЕ“.

Овие наводни информации на Либертас ги демантираше и Попоски. Тој на својот фејсбук профил напиша „вакви ноторни лаги не заслужуваат ниту коментар во принцип“.

„Се чини дека живееме во време во кое неодговорни луѓе дневно пласираат брутални невистини, претставувајќи се воедно и како новинари… Тажен концепт за (не)демократско дејствување. Прочка е, па да им простиме за некоректноста“, напиша Попоски.

poposki reakcija