Остри осуди од политичарите а ПСЖ, Баерн и Борусија Д ја одбија Суперлиграта

Веста за формирање на фудбалската Суперлига во која би играле најдобрите и најбогатите европски клубови предизвија вистинска бура во фудбалскиот свет, но реагираа и политичарите.

Во Суперлигата би учествувале шпанските Реал Мадрид, Барселон и Атлетико Мадрид, потоа англиските Арсенал, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, како и италиканските клубови Јувентус, Милан и Интер. Тие ги поканија француски Пари Сен Жермен и германските Баерн Минхен и Борусија Дортмунд да им се приклучат, но овие три клуба одбија.

Натпреварите би се играле во текот на седмицата, а клубовите преку викендите би настапувале во националните превенства. Сезоната би започнувала во август и ови клубови би биле поделени во две групи по 10 екипи. Во лигашкиот дел секоја екипа би одиграла по 18 натпревари, а потоа по трите најдобри од двете групи би влегле доректно во четвртфиналето. Ним во доигрувањето би им се приклучиле уште две екипи кои во лигашкиот дел завршиле на четвртото и петтото место. Во нокаут-фазата би се играле два меча, дома и на гости, а финалниот дуел би се играл на неутрален терен.

Договорот за формирање на Суперлигата беше постигнат ноќта кон понеделникот, а претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е избран за челник на оваа лига. Со лигата би управувале 15-те клубови основачи, кои би имале загарантирано место во Суперлигата. Уште пет клубови би се квалификувале за оваа лига врз основа на резулататите во националните првенства.

Италијанските медиуми објавија дека на постојаните членови клубови основачи им се ветени 350 милиони евра да се вклучат во проектот.

Исто така, дневниот спортски весник Corriere dello Sport, објави дека DAZN бил вклучен во преговорите, но комапнијата тоа го демантираше со официјално соопштение. DAZN е глобална компанија која има право на пренос на бројни врвни спортски настани, за кои корисниците се претплатуваат на нивните содржи преку „видео стиминг“. Компанијата е основана во 2015 година во Лондон, а дејствува во 200 држави и територии во светот. Пред повече од две години беше проценето дека вредноста на DAZN избнесува околу 3,5 милијарди евра. Преку DAZN може да се следаат Лигата на шампионите, Лига Европа, англиската Премиер лига, шпанската Примера, германската Бундеслига, италијанската Серија А, француската Прва лига и многу други натпреварувања.

УЕФА остро реагираше на вестите за формирање на Суперлигата, и во сорабтка со англискиот, шпанскиот и италијанскиот фудбалски сојуз упати остри соопштение во кое се закани со драстични казни. УЕФА им се закани на одметнатите великани дека ќе ги исфрли од домашните и од другите европски натпреварувања доколу ја започнат својата лига, а на нивните играчи би можело да им се ускрати можноста да играат за своите репрезентации.

Најтрофејниот англиски фудбалски стручњак, 79-годишниот сер Алекс Феругсин, ја критикуваше идејата за суперлигата, велејќи дека тоа е чекор наназад во 70-те години кога станува збор за прашањето на европскиот клупски фудбал.

И британскиот премиер Борис Џонсон ги осуди клубовите кои ја основаа Суперлигата, велејќи дека тоа е штетно за фудбалот. Оцени дека тоа би бил „удар во срцето“ на домашниот фудбал, и ги повика англиските клубови да се откажат од Суперлигата, како и дека пред секој чекор кон таквата лига мора тоа да им го образложат на своите навивачи и на пошироката фудбалска заедница. Џонсон исткна дека спортските институции кои се борат против Суперлигата ќе ја имаат поддршката на британската влада.

Здружението на европските фудбалски клибови (ECA) одржа итен состаник во неделата со кој претседаваше извршниот директор на холандски Ајакс и поренешен голма Едвон ван дер Сар. ECA на состанокот ги повикала клубовите кои ја основаат Суперлигата, но ниедн од нив не се одзвал. Во соопштението на ECA се истакнува дека остро се противат на Суперлигата, кој би требало да биде натпреварување од затворен тип, само за избраните.

Проектот на Суперлига е во спротивност со европските вредност, различности и вклучителноста, оцени во понеделникот потпретседателот на Евопската комисија, Маргаритис Шинас во својата објава на Twitter.

„Мораме да го браниме европскиот модел на спортот заснован на на вредностите, различносите и инклузивноста. Не доаѓа предвид да биде резервиран за неколку богати и моќни клубови кои сакаат да ги прекинат врските со националните сојузи“, напиша Шинас, које е и еврокомесар за промовирање на европскиот начин на живот.