Остри реакции од Москва за ситуацијата во Македонијa: Ова е недопустливо!

Русија е загрижена поради влошувањето на политичката криза во Македонија и апелира на мирно разрешување, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Не загрижуваат известувањата за влошувањето на политичката ситуација во Макједонија и конфликтите до кои дојде во Скопје, наведува руското Министерство и ги повика „сите страни да отпочнат дијалог и да се воздржат од влошување на кризата што трае повеќе од една година“, пренесува ТАСС.

Медиумите во Русија ја следат ситуацијата во Македонија. Еве како руската државна телевизија информираше за нередите:

Министерството оцени дека „македонската опозиција уште еднаш стана инструмент за разгорување на внатрешниот политички конфилкт, помеѓу другото, со помош од надвор, со цел да се поремети одржувањето на предвремените избори закажани за 5–ти јуни, а кои што претставуваат единствен демократски и легитимен начин за излегувања од долгата криза“.

Руското министерство наведува дека најголемата одговорност за ситуацијата во Македонија ја сноси Западот и дека меѓународната заедница би требало да предупреди за ескалацијата на конфликтот.

Во соопштението се наведува дека одржувањето на предвремените избори е „договорено летото 2015-тата година со активно учество на ЕУ и САД, а партнерите од Западот би требало да се придржуваат до постигнатиот договор и да преземат одговорност“.

Сметаме дека е недопустливо влошувањето на кревката ситуација во Македонија, што е предизвикана од комплицираната етничка и верска структура во земјата. Примената на украинското сценарио, иницирањето на незаконските акции и државниот удар од надвор би можеле да предизвикаат длабоки потреси во Македонија и да ја дестабилизираат ситуацијата на цел Балкан, истакнува руското МНР.

Министерството ги повика „сите политички сили и претставниците на меѓународната заедница да почнат со разрешување на внатрешниот македонски проблем по мирен пат, со почитување на акц иите и одлуките на легитимните властви и лидерството во Македонија“.

Настаните во Македонија се диктирани од желбата да се влијае врз владата на премиерот Никола Груевски во врска со неговото одбивање да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во мај минатата година, кога земјата исто така беше потересена од низа насилни протести.

Lavrov

Пред многу години имаше сериозни контрадикторности, а потоа беше потпишан Охридскиот договор, сега се вели дека Македонија треба да биде федерализирана, па дури се изразуваат и идеи дека треба да се подели: Еден дел треба да и’ се даде на Албанија, а друг на Бугарија, рече Лавров.

Тој смета декa настаните во Македонија се под надврешна контрола. Според неговите зборови, траат напорите за Груевски дз биде обвинет дека не ги исполнува своите обврски кон луѓето, но дека зад тоа заправо се наоѓа „желбата да се изврши притисок врз него поради одбивањето на Македонија да им се приклучи на санкциите против Русија во врска со поддршката за Јужен тек и подготвеноста за соработка во реализацијата на другите опции за набавка на горивата, вклучително и на т.н, „Турски ток““.