Четвртата најмала држава на светот која се наоѓа на центарот на Пацификот, Тувалу, наскоро би можела да биде потопена од океанот…
Оваа закана е толку сериозна, да министерот на државата неодамна одлета во Брисел за да побара помош од земјата-членка на ЕУ.
Енел Споага изјави дека за решавање на проблемот му е потребна целата поддршка, за популацијата од 10.000 луѓе да не биде потопена за време на климатските промени. Највисоките делови на островот во моментот се високи само 4 метри над површината на океанот, информира Лондон индепендент.
Споага ги замоли Европјаните да преземат мерки за намалување на емисијата на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, пишува Брисел Тајмс. Лидерот нагласи дека ако островот исчезне под вода, тоа нема да биде добра информација за она што би можело да се случи во останатиот дел од светот.
Споага изјави дека е можно да ги пресели граѓаните на друг остров, но предупреди дека моментално се загрозени неколку ланци на острови во Тихиот Океан.