Четириесет идеветгодишен маж во Австралија во средата е осуден на двегодишна условна затворска казна, бидејќи во поштенски пакети им испраќал свој измет и урина на холивудските актери Леонардо Ди Каприо и Џеред Лето.
Мажот кој е именуван како Вероника Греј во февруари годинава од поштата во државата Западна Австралијаиспратил неколку пакетчиња во кои ги запакувал своите фекалии.
Содржината била откриена, а Греј разобличен кога едно од пакетчињата кои имал намера да го испрати случајно се распаднало и се разлеало врз поштенската службеничка.
Греј, роден на Филипини, според пишувањето на австралискиот портал ABC испратил вкупно двесеттина поштенски пратки чијашто содржина на примателите во описот им е преставена како „колачи за свети Валентин“, денот на вљубените.
Психијатиското вештачење кое е предадено на судот покажало дека Вероника Греј пати од ментално нарушување, според австралиските медиуми.
Неговиот адвокат изјавил дека Греј не сакал да ги вознемирува актерите, туки оти со нив сакал да ја сподели својата „страст кон зачувување на природната средина“.
Судијата Дин Потер ги осудил постапките на Греј, појаснувајќи дека ја нарушиле работата на локалната поштенска филијала, пишува ABC.