
Белгиецот Абделхамид Абаунд е осомничен како инспиратор и финансиер на терористичките напади во Париз, јавуваат француските медиуми.
Постои сомнеж дека 27-годишниот Абаунд е еден од најактивните членови на Исламската држава во Сирија, а постои голема веројатност дека потекнува од Моленбек, преградие на Брисел кад што израснал Салах Абделслам, терорист по кој трагаат француските и британските власти.
Абаунд е по потекло е од Мароко, а на почетокот на годинава во отсуство е осуден на 20 години затвор поради терористички напади во Вервијер, во кој се убиени белгиски полицајци.
Тогаш истрагата покажа дека тој е лидер на џихадистичката ќелија во Белгија и дека раководи со регрутација на радикални исламисти кои потоа стануваат членови на Исламската држава.
Абаунд е уапсен на 17 јануари годинава во Грција, заедно со уште тројца исламисти, два дена откако во Белгија се убиени двајца членови од неговата ќелија.
Сепак, по кратко време е пуштен на слобода, а постои сомнеж дека се вратил во Сирија, откаде командува со операциите на терористите во Белгија.