Осуден екс претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, на условна затворска казна

    Судскиот совет на Скопскиот Кривичен суд, во четвртокот донесе пресуда со која за сторена злоупотреба на службената положба и овластување го осуди поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, пренесе Правосудство.

    На Вангеловски му е изречена казна затвор во траење од една ипол година, но истата му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело.
    Случајот на екс-претседателот на Врховниот суд, а кој влезе и во извештајот на Стејт деепартментот, не мора да зачи и дека е затворен, бидејќи зад името на Вангеловски се врзуваат и злоупотреби на системот АКМИС. Станува збор за злоуотреби на автоматскиот систем на распределба на предмети за работење, кој, како што беше костатирано во времето на Вангеловски, се заобиколувал.
    Инаку, што се однесува до предметот за кој Вангеловски е осуден, тој беше инициран од поранешната претеседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, која токму по барање на споменатиот беше повикана, а потоа и разрешена од Судскиот совет на РСМ.

    Имено, на разрешувањето на Неделкова претходеше одлука со која сега осудениот Вангеловски одбил да и утврди додаток на плата, онака како што тоа им следи на сите судии на Врховиот суд.

    Судијката Неделкова оцени дека тоа што го прави Вангеловски е спротивно на законот и му поднесе кривична пријава за сторена злоупотреба на службената положба и овластување. Поднесената пријава беше прифатена од ЈО кое, пак, утврди дека Јово Вангеловски, на 30. ноември 2018 година, во својство на службено лице, односно како претседател на Врховниот суд на РСМ, донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за ноември во износ од 35 проценти од основната плата. Станува збор за додаток за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост, но таков додаток, во висина од 31.839 денари. Но, такво нешто не утврдил и за Неделкова, иако знаел дека таа не користела отсуство од работа.
    И покрај тоа што Вангеловски ги пречекорил своите службени овластувања, тој пред Судскиот совет поведе постапка за разрешување на Неделковска, исто онака како што тоа го стори и со поранешниот претседател на скопска Апелација, судијата Јордан Митриновски, кој, пак, по добиена пресуда од судот во Страбур, доживеа сатисфакција, бидејќи се покажа дека и неговото разрешување било сторено на незаконски начин.

    Гласот на Јово Вангеловски можеше да се слушне и во една од таканаречените „бомби на Заев“. Подоцна, тој самиот ќе признае дека гласот бил негов, иако од разговорот може да се констатира дека се договора судски предмет. Инаку, и самиот Вангеловски беше разрешен од судиската функција.