![880239560.jpg.0](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/880239560.jpg.0.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Тинејџер, припадник на неонацистичка група, кој британскиот принц Хари го нарекол предавник на расата откако овој се ожени со американската актерка Меган Маркл и сугерирал дека треба да биде убиен, осуден е на повеќе од четири години затвор, пренесува во вторникот BBC.
Дветнасестгодишниот Михаел Шевчук објавил фотографија на принцот Хари, војводата од Сасекс, како држи пиштол навален кон главата и текст „Се гледаме подоцна, предавнику на расата“. Фотографијата ја објавил неколку месеци откако принцот Хари се венча со Меган Маркл, чијашто мајка е афроамериканка, а татко ѝ е белец.
Шевчук и сообвинетиот 18-годишниот Оскар Дан-Кочоровски, и двајцата од полска националност, ја признале вината за поттикнување тероризам.
„Дан-Кочоровски и Шевчук очигледно се сметаат за посупериорни од поголемиот дел од општеството и веруваат дека нивната должност е да ги изразат своите убедувања и да ги подучуваат другите… Многу од материјалите коишто ги објавиле на социјалните мрежи не само што ги одразуваат нивните екстремистички убедувања, туку и ги поттикнуваат другите да изведуваат исто така неумесни дела“, рекол Мартин Сноуден, виш дектектив и шеф на антитерористичката полиција во североистична Англија.
Шевчук е осуден на четири години и три месеца, додека Дан-Кочовски добил 18 месеци затовр. Тие со други објави на интернет ги поддржуваат и повеќекратниот убиец од екстрамната десцниа, Норвежанецот Андерс Брејвик, како и неонацистичката група Sonnenkrieg Division.