Осудено лице починало во саботата на Клиниката за неврологија во Скопје, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.
Според кусата информација во којашто не се дадени причините за смртта на осуденикот како и причната поради која било хоспитализирано лицето, од МВР наведуваат дека случајот бил пријавен во саботата во 10,14 часот кога биле информирани од Клинички центар „Мајка Тереза“, поточно на Клиниката за неврологија, дека починало осуденото лице С.С.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.