Напаѓачот кој во средата во локален воз на северот од Германија со нож уби две лица и рани уште пет други, е Палестинец кој како бегалец живеел во земјата од 2014 година, објавија властите во четвртокот.
Засега не се познати мотивите на напаѓачот, 33-годишниот Ибрахим А. Палестинец од енклавата Појас Газа, кој во средата попладнето во локалниот воз меѓу Кил и Хамбург уби 17-годишно девојка и 19-годишно момче.
„Имајќи го предвид динамичниот след на настаните сѐ уште не е многу нешта се нејасни“, изјави министерката за внатрешни работи на сојузната покраина Шлезгвиг-Холштајн, Забине Шутерлин-Вак на вонредната прес-конференција во Кил.
Германските медиуми пренесуваат дека Палестинецот повеќепати бил осудуван поради кражби, измами и нанесување тешки телесни повреди. Од истражниот затвор на слобода е пуштен пред шест дена. Во 2017 година на Ибрахим А. му било одбиено барањето за азил, меѓутоа добил правна заштита од протерување од земјата.
Нападот ја вознемири повторно германската јавност и предизвика бројни реакции. Евроскептичната и противодоселеничка опозициска партија Алтернатива за Германија (AfD) започна кампања со плакати во којашто германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја обвинува дека не го прави потребното за од Германија да бидат протерани лицата со криминални досиеја без право на престој во земјата.
Дневниот весник Bild, пак, го критикуваше јавниот сервис NDR којшто во извештајот за злосторството, како и при други слични инциденти, избегнува да ја наведе националноста на сторителот и неговиот статус за престој во Германија.