Осум години од смртта на поранешниот претседател на Србија и Југославија, Слободан Милошевиќ, се одбележуваат денеска.
Милошевиќ почина од инфаркт во својата ќелија во притворот на Хашкиот трибунал во текот на судењето за воени злосторства и злосторства против човештвото на Косово и во Хрватска, како и за геноцид во Босна и Херцеговина.
Бидејќи градските и државните власти не дале дозвола која ја побарало семејството и високите функционери на Социјалистичката партија на Србија дека тој ќе биде погребан во Белград со државни почести, погребан во дворот од семeјната куќа на неговата сопруга Мирјана Марковиќ во Пожаревац.
Неговата сопруга ја напушти земјата на 23-ти февруари 2003-та година, а нивниот син Марко заминал на петти октомври 2000-та година бил принуден да го признае поразот на изборите за претседател на Сојузна Република Југославија. И двајцата денес живеат во Русија, а ќерката Марија во Црна Гора.
Десетгодишното автократско владеење на Слободан Милошевиќ заврши во 2000-тата година со победа на кандидатот на здружената Демократска опозиција на Србија на Воислав Коштуница на изборите за претседател на СРЈ.
По победата на опозицијата на тие избори на 24-ти септември 2000-та година, не сакајќи да го признае поразот, партијата СПС и нејзиниот лидер предизвикале предизборна криза која се заканила со граѓанска војна во Србија. Кризата е окончана на петти октомври по масовните демонстрации на граѓаните ширум Србија.
Милошевиќ беше уапсен на први април 2001-ва година поради злоупотреба на службената положба, неполни шест месеци откако беше ставен крај на неговото владеење.
Во мај 1999-та година, во текот на бомбардирањето на НАТО, Хашкиот трибунал покраj обвинение против Милошевиќ поради злосторството во текот на судирите на Косово, а две години подоцна и обвинение против злосторството во Хрватска. На крајот на 2001-ва година е обвинет и за геноцид над муслиманите и Хрватите во Босна и Херцеговина.