Осум грешки во изгледот што мажите веднаш ги забележуваат

Ако мислите дека мажите немаат око за детали, тогаш многу се лажете. Тие можеби не забележуваат толку многу ситници како жените, меѓутоа сепак може да ги приметат грешките што жените ги прават во разубавувањето

  1. Премногу парфем

Парфемот треба да го привлече мажот, а не да го оттурне, што мошне често може да случи ако излезете со „облак“ од парфем околу вас. Неколку капки парфем ќе бидат сосема доволно, а најдобр ефект ќе имаат ако ги нанесете зад ушите и на рачниот зглоб.

  1. Неубаво нанесена пудра за лице

Пудра во боја, што не одговара на тенот, премногу пудра и пудра што не е добро нанесена. Ова се грешките што мажот секогаш ќе ги забележи на лицето на жената. За да го избегнете ова, најдобро е да побарате совет од продавачот кога купувате пудра и секогаш добро да ја размачкате кога се шминкате.

  1. „Светлечки“ сенки за очи

Светлечките сенки за очи се погодни за млади девојки, но во одредена возраст подобар избор се мат сенките, затоа што седефестите сенки за очи ќе ги нагласат и најситните брчки на вашите очни капаци, што воопшто не изгледа убаво.

  1. Грутки од маскара на трепките

За мажите долгите трепки се секси, но трепките со грутки воопшто не ги привлекуваат. Истото се однесува и на дамките од маскара под очите. Умерено нанесувајте маскара и користете ја онаа што во текот на денот нема да се размачка.

  1. Неуредна депилација

Мажите обожаваат кога кожата на нозете на жената е мазна и кога таа е уредно издепилирана под пазувите, а вишокот влакна може за миг да ги „олади“. Ова е една од најчестите грешки која мажите ќе ја забележат дури и на првиот состанок!

  1. Сува кожа

Сувата кожа е подеднакво грда како нозете што боцкаат – на мажите не им е пријатна на допир. Хидратацијата на кожата треба да ви стане дневна рутина, без оглед на тоа дали имате партнер или не, затоа што тоа пред се го правите за себе – хидрираната кожа е клучот за младешкиот изглед! Ако имате многу сува кожа, тогаш мачкајте ја со кокосово или маслиново масло.

  1. Неквалитетна дентална хигиена

Лошиот здив и жолтите заби не им даваат на мажите мотив за да ве бакнат. А истото се однесува и на остатоците од храната на забите. Основната хигиена подразбира миење на забите најмалку два пати дневно и чистење со конец. Ако сте пушач или пиете многу кафе, секогаш со себе носете бонбони за освежување на здивот.

  1. Леплив сјај за усни

Ниту еден маж не го привлекува идејата да бакне усни премачкани со нешто што ги потсетува на лепак. Изберете проѕирен сјај со природна боја, која, исто така, ги хидрира усните, но не се лепи.