Се зголемува бројот на заразените со коронавирусот во редовите на англискиот премирлигаш Тотенхем, поради што во прашање е доведен натпреварот против француски Рен во последното коло од Конференциската лига кој е закажан за четврток во Лондон.
Во моментов во редовите на Тотенхем позитивни на Covid-19 се позитивни осум играчи и пет членови на управата на клубот.
Клубот официјално не ги објави имињата на позитивните фудбалери, но медиумите дека меѓу нив се ирачите од првата постава Сон Геунг-мин, Лукас Моура и Бен Дејвис.
„Проблем е што секој ден имаме нови луѓе со коронавирусо. Луѓето кои вчера не беа позитивни денеска се позитивни и ние и натаму имаме контакти со луѓето за кои мислиме дека се негативни“, изјави менаџерот на лондонскиот тим Антонио Конте.
Италијанскиот фудбалски стратег додаде дека на располагање во моментов има само 11 здрави играчи.
„Одржавме тренинг. Се подготвуваме за натпреварот против Рен, но многу тешко паѓа кога ќе ти кажат дека уште еден играч е позитивен, друг член на штабот е позитивен и кој е на рад утре? Ние? Уште еден член на штабот?“, додаде Конте.
Според пропозициите на УЕФА, за да може да се одигра натпреварот еден тим мора да има 13 незаразени играчи, вклучително и голман од целосната листа со 25 играчи.
Епидемијата во редовите на Тотенхем доаѓа како голем удар за Конте, чиј тим победи во последните три натпревари и очајно посакува да го одржи залетот, особено во пресрет на пренатрупаниот распоред во ткн „боксинг“ во домашното превенство.
Тотенхем во последното коло од Групата Г од Конференциската лига во четвртокот ќе се обиде да го совлада Рен кој е веќе победник во групата. На лондонците им конкурира Витесе со кои се израмните со по 7 бодови, а данците имаат релативно лесна задача во дуелот со словенечка Мура.