Осум ипол години затвор за мигрантот што уби девојка во Германија

Германскиот суд осуди на осум и пол години затвор мигрант од Авганистан поради убиство на својата поранешна 15-годишна девојка. Абдул Д., како што е идентификуван од судот, признал дека ја избодел до смрт Миа В. во декември минатата година во југозападниот град Кандел.

Обвинителите веруваат дека тој го извршил убиството поради љубомора и одмазда кон девојката, која претходно му раскинала. Според информациите, девојката била германски државјанин. Двајцата се забавувале неколку месеци, по што таа ја прекинала врската неколку недели пред да биде убиена, соопштија обвинителите. Таа била избодена седум пати со кујнски нож од страна на поранешното момче.

Настанот предизвика гнев и бес во јавноста, поради што се одржаа и ксенофобични протести од страна на крајно-десничарските групи, како дел од нивната антимигрантска кампања.

Демонстрации се одржаа и во источниот град Чемниц, откако 35-годишен маж беше фатално избоден, а двајца мажи од Сирија и Ирак беа уапсени.