![Untitled](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Untitled-40.jpg?resize=695%2C394&ssl=1)
Осум израелски деца и пет израелски жени наскоро ќе бидат ослободени од Газа, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари.
Ќе бидат ослободени и седум странски државјани кои биле држени како заложници во Газа, додава Ал Ансари.
Палестинските затвореници кои Израел ќе ги ослободи во оваа фаза се 33 малолетни и шест жени, соопшти портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи.
„Ја повторуваме нашата благодарност до нашите партнери за посредување – Египет и Соединетите држави – за заедничките напори што ги отстранија пречките во спроведувањето на условите од договорот за денес“, додава ал-Ансари.
Ослободувањето на втората група заложници веќе неколку часа доцни од првично договорен термин.
Околу 100.000 луѓе денеска учествуваат на собирот во Тел Авив на кој се повикува на враќање на сите заложници во Газа.