Осум лица се убиени, седуммина повредени во терористички напад во Израел

Осум лица се убиени во терористичкиот напад во Јафа оваа вечер, соопшти МДА.
Уште неколку лица се ранети.

Двајцата терористи кои го извршиле нападот се „неутрализирани“, додава полицијата, пренесе Тајмс оф Израел.

Нападот се случи непосредно пред почетокот на ракетниот напад на Иран врз Израел, каде се истрелани најмалку 200 балистички ракети. Повеќето од нив се неутрализирани од израелската „Железна купола“.