Осум лица ги загубиле животите а уште најмалку 67 други се повредени во силното невреме кој во неделата ја погоди западна Романија, со ветрови со силина од 100 километри на час, соопштија тамошните власти.
Едно лице го загубило животот во Темишвар, откако на него паднал билборд, додека една жена е усмртена при падот, соопшти Елене Мегереа, портпаролка на Генералниот инспекторат за вонредни ситуации во округот Темишвар, пренесува Associated Press.
„Жена загина во зоолошка градина, дека човек починал кај хотелот ‘Барон’, каде го погодил билборд кој се откачил. Две лица ги загубиле животите во Бузјаш. Наш оперативен тим е на теренот, расчистувајќи ги тротоарите, патиштата и автомобилите од паднатите дрвја, отстранувајќи ги електричните кабли и делови од покриви“, се наведува во соопштението коешто го цитира агенцијата Agerpress.
На едно од двете лица кои загинале во западниот град Бузјал, исто така, паднало дрво.
Откако невремето го променило правецот кон северот на Романија, 50-годишни маж загинал во западниот град Бистрица кого го погодила гранка кога минувал низ парк, соопшти службата за вонредни состојби.
Градоначалникот на Темишвар, Николае Робу, изјави дека бурата корнела покриви од зградите и превртувала камиони.
Портпаролката на службата за вонредни ситуации во округот Караш-Северин, Елена Тарла, изјави дека невремето корнело дрвја од корени и соборувала далноводи, оставајќи многу домаќинства без електрична енергија.
Началникот на Ургентниот центар во болницата во округот Тимиш Михај Реки изјавил за романската новинска агенција дека 30 лица биле примени поради повреди од предмети кои летале во налетот на ветрот.
Властите ги предупредија граѓаните да останат во домовите или да најдат најблиско засолниште, како и да ги исклучат каблите од штекерите.
Патниот и железничкиот сообраќај на повеќе места е во прекин поради тоа што силниот ветар соборил стебла. Оштетени се покривите на неколку болници, училишта и станбени згради, а десетици места и села останале без струја. Во операциите за спасување и расчистување на теренот ангажирани се стотици пожарникари.
Невремето следеше по повеќедневните невообичаено високи температури кои минатата седмица ја зафатија Романија.