
Најмалку осум лица се повредени во пожарот кој уследил по експлозијата во рафинерија на нафта во близина на германскиот град Инголштад, а околу 1.800 луѓе се евакуирани од нивните домови, објави во саботата локалната полиција.
Експлозијата се случила во 5,30 чаот во саботата утрото, а потоа избувнал и силен пожар. Причините за екслозијата засега се непознати.
Меѓу осумте повредени во комплексот „ Bayernoil“, тројца имаат потешки повреди и се хоспитализирани, соопштиле полициски и болнички извори.
Евакуацијата на населението е мерка на претпазливост, имајќи предвид дека над комплексот се извива црн чад. На местото на несреќата од утрото се ангажирани околу 200 пожарникари.