Кога сте во долга врска од време на време доаѓа до затишје во креветот. Затоа е потребно во тие периоди двајцата повеќе да се активирате и да го реанимирате својот сексуален живот. Овие осум трикови може да ви помогнат во тоа.
1. Кога играте улоги бидете некој сосема различен од вас
Ако вашиот дечко е тој кој е „главен“ во врската, врзете го за креветот. Ако е срамежлив, препуштете му ја нему улогата на доминантен лик. Секогаш глумете некој кој е сосема поинаков од вас.
2. Направете го она што постојано го бара од вас
Мажите со задоволство ги изразуваат своите сексуални фантазии. Ако вашиот партнер сака да му изведете стриптиз направете го тоа. Ако сака анален секс сторете и вас тоа да ви биде пријатно искуство и исполнете му ја таа желба.
3. Пробајте ги сите пози кои досега не сте ги пробале
Кога правите нови работи заедно, се поврзувате еден со друг. Направете нешто ново во креветот. Обидете се со нова поза или прашајте го партнерот која поза би ја сакал. Најлошото што може да се случи е да не ви се допадне.
4. Кога излегувате заедно не носете долна облека
Можеби звучи премногу, но кој ќе знае освен вас двајца? Излезете така во град, а потоа кажете му дека не носите гаќички. Нека цело време мисли на тоа се’ додека не се вратите дома.
5. Водете љубов и дури кога не ви е до тоа
Никогаш немојте да правите нешто што не сакате. Но, кај врските тоа е важен компромис, па понекогаш согласете се на секс дури и кога не ви е баш до тоа. Ако вашиот партнер се почвствува отфрлено или занемарено, можеби и тој ќе ја загуби желбата за секс.
6. Третирајте го понекогаш како секс објект
Луѓето кои имаат афери имаат страствен секс, си ја кинат облеката еден на друг, туркаат се’ околу себе. Многу луѓе ја посакуваат токму таа страст, а сите знаеме колку е тоа тешко кога сте спиеле со некого стотинапати. Понекогаш гледајте го исклучително како сексуален објект кој што треба да го искористите на една вечер. Сигурно ќе му се допадне.
7.Не заборавајте го оралниот секс
Сите жени знаат дека мажите сакаат орален секс, а секој маж знае дека во еден момент во врската најверојатно ќе престане тоа задоволство. Немојте да престанете да му го причинувате тоа задоволство и немојте да му покажете дека се чувствувате како тоа да ви е обврската туку потрудете се да изгледа дека навистина тоа го сакате.
8. Не облекувајте секоја вечер широка облека
Секако дека сакате да ви биде удобно навечер по напорниот ден, но понекогаш жртвувајте се и облечете нешто тесно, нешто што ќе ги истакне вашите атрибути и што ќе ја разбуди магијата. Не само што тој ќе биде заинтересиран туки и вие најверојатно ќе бидете повеќе заинтересирани.