
Вооружен маж убил осум лица а уште најмалку четири ранил во близина на објект на „FedEx“ во американски Индијанаполис, за на крајот самиот да си одзеде животот, соопшти во петокот сабајлето американската полиција.
На последниот брифинг за медиумите во врска со инцидентот, претставничката на локалната полиција Џена Кук, изјавила дека има вкупно девет жртви, вклучително и напаѓачот, како и дека властите сметаат дека повеќе нема активна закана за заедницата.
Кук потврдила дека повеќе луѓе се ранети и дека прострелни рани се пренесени во повеќе болници во пошироката област/.
Пукањето се случило доцна ноќта во четвртокот по локално време во близина на објект на „FedEx“ на улицата „Мирабел“ во Индијанаполис, во близина на меѓународниот аеродром. Портпаролот на „FedEx“ изјавил дека компанијата настојува да дојде до поподробни инвормации за инцидентот и дека соработува со истражните власти.
BREAKING: 8 people with injuries consistent with gunshot wounds were pronounced dead at an Indianapolis FedEx facility, police said. pic.twitter.com/V0zxaAf9iE
— Everything DC MD & VA (@TheDMVDailyy) April 16, 2021