Осум лица загинаа, а 15 се исчезнати во несреќа во рудник за јаглен во кинескиот град Пингдингшан во провинцијата Хенан во петокот, јави новинската агенција Xinhua, додавајќи дека спасувачките операции се во тек.
Прелиминарните податоци покажуваат дека несреќата се случила поради гас во рудник во сопственост на кинеската компанија „Pingdingshan Tianan Coal Mining“.
Според градската агенција за управување со вонредни состојби, од 45 лица во рудникот, осум се мртви, а 15 се водат како исчезнати, додека спасувачите стапиле во контакт со останатите 22
„Вкупно 425 луѓе работеа под земја кога се случи несреќата, а 380 од нив беа извлечени од рудникот“, се вели во извештајот.
Агенцијата јави дека локалните власти започнале со спасувачки операции и дека во тек е дополнителна истрага за несреќата.