Осум луѓе загинале искачувајќи се на вулканот Кључевској на рускиот Далечен исток, а студените ветрови го отежнуваат спасувањето, пренесуваат во понеделникот руските медиуми.
Хеликоптер со спасувачи од Камчатка кои тргнале во помош на туристите заглавени на Кључевскиот вулкан, успеал во понеделникот рано претпладнето по македонско време да слета на падината на ридот, премесува агенцијата РИА повикувајќи се на регионалниот Центар за цивилна одбрана и вонредни состојби.
Првично локалните власти известија за шестмина загинати, а подоцна за уште две жртви. Се верува дека уште шест лица се заглавени на вулканот, од групата туристи од вкупни 12 лица меѓу кои и двајца водичи кои уште на 30-ти август го започнале искачувањето.
Според првичните информации, пет лица загинале при пад од височина, еден турист бил тешко повредени и бил во бесознание, а еден водич ја скршил ногата. Ноќта кон понеделникот, локалните власти известител за смртта на шести член на групата, а во понеделникот утрото дека починале уште две лица.
Регионалната влада на Кмачатка, известила дека информацијата ја смртта на уште две лица, ја испратил еден од водичите кој со властите комуницирал од вулканот со помош на сателитските телефон.
Групата минатиот вторник тргнала во искачување на вулканот висок 4.754 метри, но во саботата наишла на проблеми, кога некои членови на експедицијата загинале во пад на височина од околу 4,200 метри. Спасувачите се обиделе да дојдат до нив во неделата, но морале да се вратат, бидејќи силните ветришта ги спречувале слетувањето на хеликоптерот.
„Требаше да слетаат на височина од 3.300 метри, но поради силниот ветар со брзина до 30 метри во секунда, не успеаја во тоа и покрај двата обида во интервал од неколку часа“, соопштиле од спасувачките служби непосредно пред да известат за успешното слетување на хеликоптерот.
Хеликоптерот „Ми-8“ на руското Министерство за вонредни состојба го симнал тимот за пребарување и спасување на височина од 1.663 метри, на падините на вулканот Кључевскаја Сопка. Се додава дека, силниот ветар и пепелта која се издига од вулканот, не дозволувала слетување на поголема надморска височина.
Кључевскаја Сопка е највисокиот од повеќе од 160-те вулкани, чиишто снежни врвови се издигнуваат над рускиот полуостров Камчатка. Поради исклучителната природна убавина овој вулкан е на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Во текот на овој период од годината, температурите на оваа планина во текот на ноќите може да се спуштат и до минус 14 Целзиусови степени. Спасувачите предупредуваат дека планината, која ја сочинуваат ридови од вулкански карпи измешани со снег и мраз, се смета особено опасна за планинарите, поради нејзината надморска височина и ризикот од вулканска ерупција.
Ерупциите се случуваат на секои четири или пет години, а научниците предупредуваат дека активноста на овој вулкан е значително зголемена во последните години.