Вчера во 15,45 часот во ЕИК-Скопје, М.Ч.(75) од Скопје, пријавила дека истиот ден, додека се враќала дома со својот сопруг Т.Ч.(84), во влезот на зградата на бул.„Партизански Одреди“, две непознати лица со употреба на физичка сила се обиделе да им извршат разбојништво. Откога Т.Ч. пружил отпор истите побегнале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.