Осуммина Кинези во карантин во Сиера Леоне, поради ебола

Осуммина Кинези, здравствени работници кои ги лечеле заболените од ебола се во карантин во Сиера Леоне..

„Во изолација се седуммина лекари и медицинска сестра,“ изјави кинескиот амбасадор во Сиера Леоне, не наведувајќи дали ги имаат симптомите на ебола.

Вирусот, до сега однесе 1.013 животи, а инфицирани се најмалку уште 1848 според последните податоци на Светската здравствена организација.