Осуммина убиени на роденденска забава во Јужна Африка

Осум лица се убиени а уште три други се ранети во масовно пукање на роденденска забава во неделата во јужноафриканската провинција Истерн Кејп, соопшти во понеделникот полицијата.

Инцидентот се случил меѓу 17,15 и 17,30 часот по локално време (15,15 и 15,30 по Гринич) во дом во Квазакеле, Гкеберха, кога двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз гостите собрани на роденденска забава, соопшти јужноафриканската полициска служба SAPS.

Полицијата соопшти дека сѐ уште нема уапсени и дека ги истражуваат околностите на инцидентот. Исто така, полицијата сѐ уште не ги идентификувала загинатите и ранетоте, меѓу кои и сопственикот на куќата.

„Овие жртви беа убиени од криминалци и нема да запреме додека не дознаеме што се случило и кој е одговорен за бесчувствителниот и ладнокрвен напад“, рече Номтехели Лилијан Мене, комесар на SAPS за Истeрн Кејп.

Подоцна во понеделникот, полицискиот министер Беки Целе и националниот комесар на SAPS, Фани Масемола, ќе го посети местото на масовното пукање, се вели во посебна полициска изјава.