Осумнаесет години од загинувањето на десетте армиски резервисти кај Карпалак

Осумнаесет години од загинувањето на десетте прилепски бранители во месноста Карпалак, се одбележуваат во четвтокот

Одбележувањето почна вчера со оддавање почит на бранителите во прилепската касарна „Мирче Ацев“, а продоложи утрово со положување на цвеќе.

Поради закажаните активности по тој повод, од 8.45 часот сообраќајот на регионалиот пат Тетово – Скопје е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат кај клучка Групчин, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата.