
Осумнаесет мигранти од Бангладеш биле пронајдени вчера во возило на патот Неготино-Градско, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
„Околу 14:30 часот на патот Неготино – Градско, во близина на локалитетот Стоби, при контрола на товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот В.Т. од Скопје, во товарниот дел на возилото полициски службеници пронашле 18 мигранти од Бангладеш (сите полнолетни). Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица за понатамошна постапка“, појасни Додевски.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот тразнитен центар „Винојуг“-Гевгелија.