Вкупно 18 мигранти се повредени синоќа околу еден часот по полноќ во близина на границата на БиХ и Хрватска. Според босански медиуми се работи за 15 Пакистанци, двајца Ирачани и еден Либиец. Шестмина од нив се хоспитализирани. Останатите се со полесни повреди.
– Повредените ги пренеле припадници на Граничната полиција на БиХ во две комби возила во Здравствен дом во Велика Кладуша…Според нивни изјави тие веќе преминале на територија на Хрватска, но ги открила хрватската полиција и наводно ги претепале, им одзеле пари и мобилни телефони, и потоа ги префрлиле преку границата на територија на БиХ, изјави Јасмин Чехиќ, координатор за работа со мигранти во Велика Кладуша.
Мигрантите веќе дале искази пред полицијата на БиХ.