![lebron dzejms](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/lebron-dzejms-1.jpg?resize=640%2C376&ssl=1)
Кливленд Кавалирс со 106:99 беа подобри од Вашингтон Визардс, што е за нив 18-та победа во 19 натпревари, а нов „трипл-дабл“ оствари нивниот најдобар играч Леброн Џејмс.
Леброн Џејмс го запиша четвртиот „трипл-дабл“ во последните пет мече. Дуелот го заврши со 20 кошови, 15 асистенции и 12 скокови. Кевин Лав додаде 2 поени и 9 скокови за Кавс. Бредли Бил ги предводеше Вашингтон со 27 погодоци, а Џон Вол додаде 15 кошови со 10 скокови и 6 асистенции
Орландо Меџик беа поразени од Детроит Пистонс со 110:114, откако Пистонс водеа на полувремето со 60:43, а во третата четвртина постигнаа дури „шест тројки“ и додадоа уште шест кошови. На почетокот од последната делници заостанувањето на Орландо изнесуваше 18 поени, но тогаш направија голема серија и намалија на 100:105, но подоцна откако нивниот најдобар поединец Марио Хезоња промаши отворен шут, противникот успеа да го сочува водството.
Хезоња со 28 кошови, 6 скокови, 2 асистенции и 3 украдени топки во 31 минута на паркетот беше најдобар играч на Орландо, а го следеше Никола Вучевиќ со 24 поени, 14 скокови и 7 асистенции. Најдобри кај Пистонс беа Реџи Булок со 20 поени, а Тобиас Харис, Реџи Џексон и Ентони Толивер постигнаа секој по 17 кошови.
Индијана Пејсер со 140:131 ги совладаа Бруклин Нетс на нивен терен, а до победата ги предводеше Виктор Одалипо со 26 кошови. Ален Крејб беше најдобар кај Нетс со 17 поени, додека Квинси Ејси, Џо Херис и Карис Леверт постигнаа по 14 кошови. Домантис Сабонис за Пејсер даде 17 кошови со 8 скоковои, а Мајлес Тарнер 16 поени и 6 скокови.