Освен германски DAX, европските индекси во негативната зона

На европските берзи во вторник во пртпладневнот тргување најважните берзански индекси забележаа минус, додека инвеститорите ги проучуваа финансиските извештаи на бројните големи европски компании, освен германскиот DAX, што беше поддржано од порастот на цената на акцијата на SAP.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 во првиот дневвен пресек од тргувањето беше во минус од 0,04 отсто и покрај растот на цените на акциите во технолошкиот сектор од 1,47 отсто и скокот на германскиот DAX за 0,5 отсто, на 19.558 поени. Истовремено, лондонскиот Ftse индекс падна за 0,32 отсто, на 8.291 поен, а парискиот CAC за 0,06 отсто, на 7.531 поен.

Растот на секторскиот индекс на технолошки акции и DAX индексот е поддржан од добрите резултати на германскиот гигант SAP, кој ги зголеми прогнозите за приходите оваа година благодарение на силниот раст на своето работењње во „облак“, а исто така објави деветмесечен пораст на вкупните приходи за 9 проценти, на 8,47 милијарди евра, а оперативната добивка за 29 проценти, на 2,21 милијарди. Цената на оваа акција се зголеми за пет отсто, на рекордно ниво.

Поморската компанија „Maersk“, чии оперативни резултати се сметаат за барометар на глобалната трговија, исто така, ги зголеми прогнозите за заработка за оваа година поради силната побарувачка за контејнеризирана стока. Оваа данска компанија во првите девет месеци од годинава остварила 4,8 милијарди долари EBITDA, дури 1,1 милијарди повеќе од очекувањата на аналитичарите. Цената на нејзината акција скокна за 3,3 отсто.

Сепак, цените на акциите на комуналните и хемиските компании во просек ослабеа за половина процент.

И покрај силните деловни резултати, инвеститорите се на штрек додека се ориентираат кон геополитичките несигурности и глобалната перспектива за намалување на каматните стапки и се позиционираат пред многу важните претседателски избори во САД во ноември.