Освен Русин, уапсен уште еден припадник на УНМИК, реагира и Москва

Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), со голема загриженост го следи денешниот развој на ситуацијата на северот од Косово, вклучително и тоа што косовската полиција привела двајца припадници на персоналот на ОН додека ја вршеле својата должност, наведено е во соопштинието на УНМИК кое го цитира српската новинска агенција Танјуг.

Специјалниот претставник на Генералниот секретаријат на ОН на Косово и шеф на мисијата УНМИК, Захир Танани, навел дека двајца припадници на прерсоналот на светската организација се уапсени во текот на утринската акција на косовската полиција на северот на поранешната јужна српска покраина, побарал од Приштина нивно итно ослободување.

Во меѓувреме руските медиуми повикувајќи се на соопштение на УНМИК објавија дека рускиот службеник на мисијата бил ослободен од притворот.

Танин, исто така, порачал дека „доколку на кој и да е начин му се наштети на персоналот на Обединетите нации, на тоа ќе биде одговорено на највисоко ниво на дипломатски и меѓународни правни одговори“.

Во соопштението се наведува дека двајцата припадници на персоналот на УНМИК по апсењата се префелени во болница, каде што им биле санирани повредите. „Ние ги утврдуваме точните околности, во блиска соработка со сите меѓународни агенции на теренот“, се додава во соопштението на УНМИК.

„Ги повикувам сите страни да се придржуваат до принципот на владеење на правото и достоинството кога станува збор за животот и слободата на сите и да помогнат да се врати мирот и безбедноста во ова подрачје“, порачува Танин.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно во вторникот во парламентот на Србија пренесе дека постојат информации дека во акцијата на косовските полициски специјалци во северниот дел од поранешната покраина е претепан и приведен рускиот државјанин, Михаил Краношчеков, службеник во администрацијата на УНМИК.

Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, оцени дека станува збор за „невиден чин“ и „манифестација на провокативната политика на врвот на косовските Албанци“ апсењето на рускиот дипломат Касношчеков на северот од Косово, и побара од раководството на УНМИК да ги преземе сите неопходни чекори за неговото ослободувње.

„Притворорањето е сторено и покрај тоа што рускиот државјанин поседува дипломатски имунитет како функционер на ОН. Гледаме на овој нечуен акт како уште една манифестација на провокативната политика на врхушката на косовските Албанци“, ја цитира Захарова агенцијата ТАСС.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи истакнала дека Москва бара од челниците на мисијата УНМИК да обезбедат исцрпни информации во врска со „нелегалното апсење“ на Красношчеков и да стори сѐ што е во нејзина моќ тој итно да биде ослободен.

Захарова претходно во текот на денот рече дека Русија смета дека упадот на косовските специјални сили во српските општини на северот од Косово и приведувањето на Србите (и Бошњаците) претставува нова провокација од страна на Приштина, со цел да се заплаши и протера неалбанското население и со сила да се воспостави контрола над оваа област.

Дипломатката додаде и дека Мосвка во ваков одговорен момент ги повикува меѓународните покровители на Приштина да ги вразумат косовските радикални сили и да го спречат натамошното ширење на конфлиткот со непредвидливи последици.