Осветлување на клучките и раскрсниците на регионалните патишта

Се осветлуваат клучките и раскрсници на регионалните патни правци. Станува збор за проект вреден 600 илјади евра, а се очекува да заврши до крајот на септември.

Ова во изјава за Канал 5 го посочи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

-Се работи за 12 клучки и очекуваме дека до крајот на септември ќе се завршат. Станува збор за клучката кај Оризари на регионалниот пат Кочани-Виница, клучка Истибања, клучка Удово, Асамати, клучка Македонски Брод-Суводол, клучка Смојмирово, клучка Пелинце, Лакавица, влез на Виница-Кочани, клучката во Росоман, клучката Карпош, посочи Мисајловски.

Станува збор за осветлување на раскрсници кои до сега не беа доволно осветлени.

По повод претстојниот празник веќе е осветлена  клучката  Пелинце  на регионалниот пат Куманово-Пелинце.

Исто така во изминатиот период со цел да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата, но пред се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и оваа година ЈП за државни патишта го продолжи проектот за осветлување на клучките на државните патишта.