Освежително: Мохито без алкохол

Еве како да подготвите вкусен коктел без грам алкохол и да уживате во топлите летни денови.

Состојки:

  • 4 лажички кaфен шеќер
  • 3 лимети
  • 1 дл минерална вода
  • 5 дл тоник
  • Нане
  • Иситнет мраз
  • Лимета за послужување

Подготовка:

Исечете ја лиметата и исцедете го сокот. Во блендер промешајте ги шеќерот и лиметата се додека шеќерот не се стопи. Сп прсти малку изгмечете го свежото нане, па ставете го во бокал. Додадете мраз, залејте со минерална вода, тоник и послужете во поголеми чаши декорирани со парчиња лимета.