Учесниците на протестот во Киев ја заземаа зградата на Министерството за аграрна политика во центарот на градот, објавија РИА Новости. Тие решија да ја заземаат оваа зграда по објавувањето на резултатите на преговорите на украинската опозиција и претседателот на Украина, Виктор Јанукович.
Според информациите на активистите на движењето „Заедничка работа“, планираат да формираат штаб на одбрана во зградата на минстерството кое се наоѓа на улицата „Крешчатик“.
Лидерот на опозицијата Виталиј Кличко утринава ги повика неговите следбеници на генерален штрајк, додека демонстрантите кои вчера ја заземаа зградата на државната администрација во Лавов и Ровн, подигнаа барикади околу овие објекти, јавуваат украинските медиуми.