Отежнат сообраќајот Скопје-Велес, одрон кај Ветерско

Нов одрон на поголема карпа, камења и земја се случи попладнево на патот Скопје – Велес, кај местото наречено Ветерско, јавуваат извори на Плусинфо од теренот.

Едната лента е целосно блокирана, поради што има застој на сообраќајот. Засега нема официјални информации за овој одрон од МВР или од Центарот за управување со кризи.

Пред пет дена имаше голем одрон на истата делница од патот Скопје Велес, поради што сообраќајот цела ноќ беше во прекин, а екипи на ЈП Македонија пат од Скопје и од Велес дури изутрината успеаја целосно да го исчистат.